25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSUV-от на Seat со спортски имиџ - Ateca FR (фото)

SUV-от на Seat со спортски имиџ – Ateca FR (фото)

Шпанскиот производител ги објави фотографиите и техничките детали од моделот Ateca FR, наменет за оние кои сaкаат нивниот SUV да поседува спортски дух.

Seat Ateca FR не е „спортист“ во вистинска смисла на зборот, туку повеќе станува збор за автомобил кој со својот надворешен изглед, но и солидните перформанси, треба да асоцира на таквиот вид на возила.

Како типичен пример на фамилијата на Seat од FR моделот, оваа Ateca е опремена со нови браници, сјајно-црна маска на ладилникот, ексклузивни LED светла за магла и нормално, препoзнатливиот FR амблем на предниот и задниот дел од возилото. Дискретни FR ознаки можат да се прoнајдат и на шините на кровот.

Можеби највпечатливиот дел на моделот Ateca FR се специјалните 19-инчли алуминиумски бандажи со гуми со димензии 245/40.

Меѓу новите стилски додатоци се вбројуваат и сребрените елементи на прговите и на долниот дел од браниците. FR логото е присутно и во патничката кабина, штом се отвори вратата – се наоѓа на внатрешниот алуминиумски праг.

Автомобилот е опремен и со спортски кожен волан, Alacantara навлаки на спортските седишта, алуминиумски педали за ножните команди и украсни елементи со сјајно-црна завршна обработка.

Спортскиот карактер е засилен и со црвениот „штеп“ на облогата на управувачот, рачката од менувачот и седиштата.

Ateca FR има сосема соодветен мотор за едно вакво возило со спортски имиџ. Под хаубата се наоѓа новиот 2.0 литарски турбо бензинец со 190 КС.

Моторот е искомбиниран со шестбрзински мануелен или опционен DSG менувач со двојно квачило. Купувачите можат да избираат меѓу верзијата со преден или 4Х4 погон.

Официјалната премиера на овој модел ќе се случи на саемот за автомобили во Барселона, кој ќе се одржува од 11. до 21. мај. Продажбата ќе започне ова лето, кога ќе биде позната и цената на Ateca FR.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП