Ford Motor и Fiat Chrysler automobili (FCA) во март забележале најголем пад на продажбата и потфрлање во однос на проценката на аналитичарите од автомобилската индустрија.
Ниту големите попусти не успеаја да спречат пад на продажбата на седаните и компактните модели на возила.
Продажбата на Ford падна во март 7,2 отсто, а на FCA 4,6 отсто.
General Motors (GM) забележа 1,6 отсто поголема продажба, што е исто така помал раст од проекцијата на аналитичарите, додека Honda Motor неочекувано оствари помал промет.
Првите показатели ги доведуваат под знак прашалник проценките на стручњаците дека продажбата на целокупната американска автомобилска индустрија во март била поголема во однос на најслабиот месец минатата година.
Поголем раст на продажбата на возила во март забележа единствено Nissan Motor, 3,2 отсто, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите кои предвидуваа зголемување на испораките од 2,8 отсто.
Продажбата на моделот на Nissan, Rogue, скокна 43 отсто во март.
Производителите на возила применуваат големи попусти во обид да го намалат бројот на автомобили на лагер, што се искачи на највисокото ниво за повеќе од десет години.