3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus ќе го менува својот имиџ

Lexus ќе го менува својот имиџ

Компанијата „Lexus“ започнува сериозна работа за промена на својот имиџ, за да може тој да се доближи до оној на моделите од најголемата германска тројка – „Mercedes-Benz“, „BMW“ и „Audi“. Тоа го призна новиот бренд-менаџер на јапонскиот производител на луксузни модели Токуо Фукуичи, цитиран од „Automotive News“.

Според него, „Lexus“ треба да стори сé за да се дистанцира од матичната компанија „Toyota“. Причината е дека во моментов многу луѓе не го прифаќаат „Lexus“ како самостојна марка, туку само како поделба на јапонскиот концерн која произведува луксузни модели. Причината за тоа се претежно еднаквите технички решенија кои се користат од страна на двете марки.

„Кога седат во сообраќаен метеж, луѓето гледаат во возачот на „Mercedes-Benz“ како на човек кој има постигнато дефинитивна положба во општеството и му завидуваат за тоа. Токму такво нешто му недостасува на „Lexus“ и ние треба да работиме за изградба на таков имиџ на нашите автомобили“, призна Фукуичи.

Во „Lexus“ планираат да работат во таа насока не само со содавањето на автомобили, но и со понудата на други премиум-производи. Земајќи пример од „Mercedes-Benz“, а и од други брендови, компанијата веќе направи луксузна јахта со два 5,0-литарски V8 мотори. Освен тоа брендот учествува и во сликите на фантастичниот филм „Валеријан и Градот на илјадниците планети“, за кој создаде прототип на вселенски брод.

Самиот Фукуичи ја презеде својата нова должност на 1-ви април, откако до пред тоа беше на чело на единицата „Lexus International“. Негов наследник на оваа функција ќе биде Иошихиро Сава, кој досега беше извршен потпретседател на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП