3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБогати и трпеливи – овој автомобил вреди да се чека 4 години

Богати и трпеливи – овој автомобил вреди да се чека 4 години

„Koenigsegg“ e eдна од најпрестижните и најексклузивните автомобилски брендови во светот. За да се стане сопственик на еден од суперспортските автомобили на оваа компанија мора да бидете многу богати, но и подготвени на повеќегодишното чекање за испорака.

Кога ќе ја надминат првата голема препрека која ги дели од еден „Koenigsegg“ – седумцифрената сума во евра или долари колку што чинат овие автомобили, идните сопственици мораат да покажат трпение со оглед дека нивниот „миленик“ ќе пристигне во гаражата дури по неколку години.

На неодамна одржаниот саем во Женева, сопственикот на компанијата Кристијан вон Коенигсег, oткри дека времето за чекање на новата „Agerа RS“ е 4-5 години.

„Моментално купувачот мора да почека 4 години за испорака на автомобилот. Нашата цел е да ја намалиме листата на чекање, затоа што се потешко е на некого да му продадете автомобил ако му кажете дека мора да почека 4-5 години пред него да седне зад управувачот“, вели Коенигсег.

До така долгото чекање доаѓа поради малото годишно производство. Компанијата моментално изработува 16-20 aвтомобили секоја година, а според зборовите на сопственикот на компанијата, целта е во 2017-та производството да се зголеми на 25 возила.

Тој се надева дека во следните неколку години годишното производство ќе ја достигне бројката од 30 суперспортски автомобили. На тој начин периодот на чекање на ново возило би се намалило за 1-2- години, објаснува Коенигсег.

Во меѓувреме, оние кои сакаат да возат еден ваков автомобил ќе мораат да покажат трпеливост или да ја пробаат среќата на пазарот на половни автомобили, каде моделите на „Koenigsegg“ исто така многу ретко се појавуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП