18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледниот Lotus Elise?

Следниот Lotus Elise?

Следната генерација на „Lotus Elise“ се уште се чува во тајност, но концептот претставен во 2010-та година и базираните на него рендери кои се појавија неодамна во интернет, ветуваат интересен развој на спортскиот модел.

„Lotus Elise“ е еден од најстарите спортски автомобили на светскиот пазар во моментов, сепак моделот беше лансиран на крајот на 1996-та година. Во 2000-та година се појави „Series 2“, но тоа не беше нов модел, бидејќи ја користеше модифицирана шасија на првата генерација доработена за да се справи со стегнатите европски правила за „краш“ тестовите.

Во почетокот на 2010-та дојде ред на „Series 3“ – уште една освежена верзија на „Elise“, а потоа почнаа да се појавуваат деривати на популарниот модел создадени главно околу идејата да се намали тежината на британскиот спортист. Последниот таков пример е „Elise Sprint“ кој тежи само 798 килограми.

Сега станува јасно дека за целосно нов „Elise“ ќе треба да почекаме до 2020-та година, кога ќе се појави новата генерација на моделот. Концепт прикажан во Париз пред 7 години, најверојатно ќе се покаже како точен претходник на следниот „Elise“. Шефот на компанијата Жан-Марк Галес веќе најави дека следниот „Elise“ ќе е со поголеми димензии, но пак неговата тежина во никој случај нема да надмине 1.000 килограми, што ќе биде постигнато со користење на нова алуминиумска шасија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП