Деновиве ќе бидеме сведоци на премиерата на новиот „A8“ на „Audi“ – во моментов актуелниот модел е најстариот во класата на луксузни лимузини, а шпионски фотографии веќе покажаа дека новиот седан ќе биде доста поинаков.
Секако, пред појавата на самиот автомобил е многу соодветно да фрлиме еден поглед на тоа што очекуваат независните дизајнерски студија од новиот автомобил, а нивните очекувања се базирани на споменатите шпионски кадри.
Пример за тоа е развојот на „Peisert Design“, а во проектот е заложена идејата дека новиот „А8“ ќе е повеќе семејно ориентирана лимузина, а нема да се залага само на бизнис средината. Но пак ако изгледот на решетките, фаровите и други елементи е таков или сличен, новиот автомобил ќе изгледа импресивно.
Сепак, се претпоставува дека дизајнот на надворешноста на новиот „А8“ наскоро ќе е еволуција на сегашниот модел. Во предниот дел ќе има доста промени, но генерално силуетата, линиите и формите ќе останат исти.
Новиот „А8“ ќе ја користи платформата „MLB Evo“, на која е поставена и втората генерација на „Audi Q7“ и се очекува седанот да е со околу 200 килограми полесен од својот претходник.