21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗDaimler ја забрзува промоцијата на електрични возила

Daimler ја забрзува промоцијата на електрични возила

Концернот „Daimler“ планира да лансира над 10 електрични автомобили до 2022-ра година, соопшти „Automotive News“. Тоа е сериозна промена во планот на компанијата, под чија капа е „Mercedes“, бидејќи првично планот вклучуваше промоцијата на електрични возила да се случи до 2025-та година.

„Daimler“ го претстави во Париз концептот „Generation EQ“ и од компанијата најавија дека тоа ќе биде првиот електромобил на гигантот, а по него ќе се појават „SUV“ модели, седани и компактни автомобили, додека пазарното претставување треба да започне во 2019-та година. Сите овие модели ќе се нудат како дел од подмарката „EQ“.

Освен тоа „Daimler“ објави дека очекува рекордни продажби на главниот бренд „Mercedes“ за првиот квартал од оваа година.

„Позитивниот тренд во продажбата продолжува и во март“, се вели во официјалното соопштение на компанијата за собранието на акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП