10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ120.000 дизел автомобили на Volkswagen гнијат под отворено небо

120.000 дизел автомобили на Volkswagen гнијат под отворено небо

Видеото кое ви го прикажуваме, е од САД, каде што компанијата Volkswagen започна да ги собира проблематичните дизел автомобили.

Станува збор за возилата кои се погодени со грандиозниот скандал Дизелгејт и кои компанијата ги откупува од сопствениците, пишува Факти.

Со кампањата за откуп на дизел моделите на Volkswagen се опфатени околу 475.000 возила. Во моментов, на огромни паркинзи под отворено небо се прибрани приближно една четвртина од нив или околу 120.000 автомобили. Германската компанија ги складира автомобилите на три огромни паркинзи.

Едно место е стадионот Silverdome во државата Мичиген, потоа во поранешна база на воздухопловните сили во Калифорнија и во пристаништето во Балтимор. Како изгледаат во моментов овие три места.

Спектакуларно и силно импресивно. Уште поинтересно е тоа што во случајот Volkswagen не знае што да прави со вратените автомобили.

Се проценува дека околу 70.000 од нив ќе добијат реновиран програмски софтвер, поради што тие ќе можат да се вратат на патиштата во САД.

Тие ќе бидат продадени по евтина цена но, што ќе се случи со останатите 400.000 возила? Една од веројатностите е дека овие речиси нови автомобили ќе бидат дадени за отпадоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП