
За првото тримесечје од 2013-та година профитот на Фејсбук (facebook.com) се зголемил за 38 проценти или на 1.46 милијарди долари. Чистата добивка ја сочинуваат 219 милиони долари, што е за 14 милиони повеќе во однос на истиот период од 2012-та година. Поголемиот профит се должи на зголемените приходи од објавување на реклами.
Меѓу најголемите компании кои се рекламираат на Фејсбук се производителите на мобилни телефони како што се Еjпл, Самсунг и Нокиа. Добри приходи традиционално обезбедуваат и хардверските компании, главно прозводители на лаптопи.

