10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛековитата љубичица

Лековитата љубичица

Мал број на луѓе знаат дека овој вид на љубичица (Viola tricolor), односно тробојна љубичица, како што уште ја нарекуваат, не служи за само со својата убавина да ја разубави градината и домашните тераси.

Овој цвет не ги полни само очите туку и го крепи вашиот организам. Поданиците на традиционалната медицина укажуваат на нејзината лековитост истакнувајќи дека благотворно делува на метаболизмот и ги ублажува ревматските тешкотии.

Тие нагласуваат дека чајот од овој цвет има и диуретичко и антибактериско дејство. Овој лековит детокс напиток се подготвува така што супена лажица сушени цветови се преливаат со 200 мл ладна вода, се поклопува и се остава да отстои преку ноќ. Наутро чајот се процедува и се загрева да биде млак. Се пие по една шолја пет до шест пати на ден во мали голтки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП