26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСлободата на Мурињо вреди 12 милиони фунти

Слободата на Мурињо вреди 12 милиони фунти

murinjo2

Роман Абрамовиќ ќе мора на Реал Мадрид да му плати 12 милиони фунти доколку сака да го доведе Жозе Мурињо на „Стемфорд Бриџ“.

Мурињо кој минатото лето го потпиша својот нов четиригодишен договор со „кралевите“ вметна откупна клаузула чија вредност изнесува 12 милиони фунти.

Португалскиот стратег со претседателот Флорентино Перез имаше џентлменски договор дека може да си замине без оштета доколку дојде до титлуата во Лигата на Шампионите. Но бидејќи тоа не се случи, сега Челзи ќе мора да преговара со Реал околу неговата продажба.

Навивачите на тимот од Мадрид се убедени дека Мурињо на крајот од сезоната ќе го напушти клубот, а во анкетата која беше организирана за тоа прашање од 32.000 гласачи дури 82 проценти гласало за таа опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП