27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTојота најавува 10 милиони возила годишно

Tојота најавува 10 милиони возила годишно

Toyota-factory

Предизвикан од страна на Фолксваген кој јавно и јасно се изјасни дека има во план да стане најголем производител на автомобили во светот до 2018-та година, јапонскиот производител Тојота објави дека има намера да го зголеми годишното производство на 10 милиони возила.

Претседателот на Тојота, Акио Тојода откри дека неговата компанија ќе настојува да ја зголеми глобалната продажба на преку 10 милиони единици на годишно ниво, а и дека во иднина ќе ја користат и новата „TNGA“ модуларна платформа.

„ Не постои компанија во оваа индустрија која стигнала до бројката од 10 милиони возила, а ние би сакале да бидеме први кои ќе го сторат тоа. Начинот на кој планираме да го сториме тоа е користењето на „TNGA“ платформата”,изјавил Тојода.

„TNGA“ (Toyota New Global Architecture) претставува нова производна стратегија на јапонскиот автомобилски гигант. Оваа платформа е базирана за масовна употреба на модуларни компоненти. Новата архитектура е слична на оние кои се применети кај германските прозиводителите како што се Фолксваген и Мерцедес.

Новиот производен пристап ќе дебитира во 2015-та година со три платформи на возила со преден погон. Во првата фаза најверојатно ќе се најде и следниот Приус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП