28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Фиат забележа пад во првиот квартал

Профитот на Фиат забележа пад во првиот квартал

download (1)

Фиат објави пад на добивката во првиот квартал од 23 проценти во време кога пазарот на автомобили во Европа продолжува да опаѓа, а пак приходите во САД се намалени како резултат на очекувањата на нови модели. Добивката на Фиат падна на 618 милиони евра во споредба со 806 милиони евра во истиот период од минатата година.

Приходи исто така паднаа за 2.3 проценти или на 19.8 милијарди евра. Од Фиат велат дека и натаму ќе се обидуваат да ја задржат својата цел за оваа година, а тоа е профит меѓу 4 и 4.5 милијарди евра, во споредба со 3.81 милијарда евра од минатата година и покрај предвидувањата дека пазарот на автомобили оваа година да се намали за 9.7 проценти.

По загубата во Европа на повеќе од 700 милиони евра во минатата година, Фиат сега планира да ги купи преостанатите 41.5 проценти од акциите во Крајслер. Оваа марка на автомобили во првиот квартал од оваа година забележа пад во профитот од 65 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП