27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГетце одбил 20 милиони кои му ги нуделе од Сити

Гетце одбил 20 милиони кои му ги нуделе од Сити

markito

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марио Гетце, кој одлучи да премине во Баерн и следната сезона да го носи дресот на тимот од Минхен, одбил преголема понуда од англискиот гигант Манчестер Сити.

Според германските медиуми во март месец „граѓаните“ му понудиле на германскиот репрезентативец 20 милиони евра годишна плата, но оваа понуда тој ја одбил затоа што сакал да преговара со Баерн.

Со тоа Гетце покажал дека по секоја цена сака да се пресели само на Алијанц Арена и нема да му биде проблем да зема скоро двојно помалку пари. Кај баварците младиот фудбалер ќе добива помеѓу 10 и 12,5 милиони евра. Во оваа сума, сепак, се вклучени и евентуалните премии од различните успеси на тимот во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП