1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS ги намалува бонусите

UBS ги намалува бонусите

ubs 3003

По последниот пад на профитот вработените на швајцарската банка „UBS“ ќе добиваат пониски бонуси, пренесува „Ројтерс“.

Волуменот на компензација, врзан со резултатите, се намалува за 17 отсто до 2,9 милијарди швајцарски франци, како што објави швајцарската банка во својот годишен извештај.

Бонусот за директорот на банката Серџо Ермон е помалку погоден од отпуштањата – тој се намалува со само 5%.

Генерално Ермон добил за 2016-та година плата од 13,7 милиони франци. За споредба – износот во 2015-та година беше 14,3 милиони швајцарски франци.

Претседателот на одборот на директори Аксел Вебер, кој е и поранешен гувернер на германската централна банка, заработил околу 6,1 милиони франци, малку повеќе од минатогодишната сума.

На овој начин менаџерите во „UBS“ заработија значително повеќе отколку нивните колеги во „Deutsche Bank“. Таму за првпат нето загубата влијаеше и на бонусите не само на Бордот на директори, но и на останатиот висок и среден менаџмент, кој остана без поттикнувачките исплати.

Причината за пониските плати во „UBS“ е значително пониската добивка за минатата година. Таа се намали до 3,2 милијарди швајцарски франци од 6,2 милијарди франци во претходната година.

„2016-та година беше тешка и предизвикувачка година за банкарскиот сектор и „UBS““, пишуваат Ермон и претседателот на Бордот Аксел Вебер во својот годишен извештај за акционерите. Макроекономската несигурност, геополитичките тензии и повеќенасочните политички трендови ги намалиле ставовите на инвеститорите.

„Во комбинација со примената на построги стандарди и несигурноста во однос на дополнителните регулаторни промени овие фактори доведоа до предизвикувачка средина за нашиот бизнис“, ги оправдуваат двајцата слабите резултати на банката.

Генерално банката платила повеќе пари на менаџерите – 97,9 милиони франци наспроти 93,4 милиони франци, една година порано. Но овој пат сумата се дистрибуира на 12 наместо на 10 менаџери, бидејќи и самиот борд е поголем.

Првично банката забележа повисока добивка во износ од речиси 100 милиони франци, но подоцна ги зголеми залихите поврзани со правни спорови за станбениот пазар во САД, до 1,5 милијарди франци од досегашните 1,4 милијарди франци.

Во рамките на договорот со Националната управа на кредитните унии на САД (National Credit Union Administration, или NCUA), „UBS“ одвои поголема сума. Тоа отпишувањето го намали профитот со 102 милиони франци, појаснува банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП