6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксузниот SUV DS 7 Crossback (фото+видео)

Луксузниот SUV DS 7 Crossback (фото+видео)

new_ds7_crossback_00

Првиот европски „SUV“ модел на француската премиум марка е претставен на саемот за автомобили во Женева.

„DS“ низ најновата генерација на своите автомобили креираше стилски израз кој полека станува препознатлив во авто-индустријата.

Моделите на оваа марка ги карактеризира „мрежестата“ маска на ладилникот со големиот амблем на брендот на нејзиниот централен дел, има сјајни, хромирани детали и нормално, специфични, ротирачки „DS Active LED Vision“ фарови.

Oвие фарови се наоѓаат во неутрална положба кога возилото не е во функција, а при отклучување се активираат емитувајќи накратко виолетово амбиентално светло, за потоа „LED“ модулите да се заротираат за 180 степени во активна позиција за возење.

new_ds7_crossback_01

Предниот „светлосен потпис“ на моделот „DS 7 Crossback“ ги наполнува дневните „LED“ светла во форма на вертикална лента во браниците.

Дизајнерите сакаа автомобилот да се разликува од конкуренцијата и во внатрешноста, што може да се види и по атипичните вентилациски отвори и на централната конзола, но и на командната табла на која доминираат два големи екрани од 12 инчи.

Првиот преставува замена за класичната инструмент табла, додека вториот припаѓа на мултимедијалниот систем.

Патничката кабина има квалитетни материјали, како што се „Nappa“ кожни седишта, кои дополнително допринесуваат на влијанието да се наоѓаат во премиум возилата.

Една до специфичностите на моделот „DS 7 Crossback“ e и „Plug-in“ хибридниот погонски систем кој се состои од бензинец и два електромотори, по еден на секоја осовина, со што се постигнува ефектот за погон на сите четири тркала.

new_ds7_crossback_04

Бензинскиот агрегат произведува 200 ks, a секои од електричните мотори испорачува по 109 ks. Вкупната комбинирана моќ на хибридниот систем е 300 ks, a моторот е поврзан со осумбрзински автоматски менувач.

Електричниот дел на погонскиот систем покрај електромоторите го сочинуваат и литиум-јонските батерии со капацитет од 13 kW/h. На возачот му се на располагање три режими на возење, а ако „DS 7 Crossback“ се вози исклучително на струја, може да мине максимално 60-тина километри.

За дополнување на батеријата се потребни 4,5 часа, додека со помош на брзиот полнач ова време се намалува на 2,5 часа.

Покрај во хибридната верзија, „DS 7 Crossback“ ќе може да се нарача и со конвенционални бензински и дизел погонски верзии. На располагање ќе бидат три бензинци (THP 225, THP 180, PureTech 130) и два дизели (BlueHDi 180, BlueHDi 130).

Aвтомобилот е опремен и со „DS Connected Pilot“ систем на авто-пилот кој по потреба може да го замени возачот, пред се на автопат, при брзина меѓу 30 и 180 km/h. Покрај функцијата на активен темпомат, овој уред е во состојба да прави корекции во правецот на движење на автомобилот.

Покрај тоа автомобилот е опремен и со „DS Park Pilot“ системот за автоматско паркирање.

Меѓу бројните безбедносни систем за асистенција се и „DS Night Vision“ (кој користи инфрацрвена камера за подобра видливост во ноќни услови на возење), „DS Driver Attention Monitoring“ (внимава на возачот и предупредува доколку кај него забележи замор) и „DS Active LED Vision“ (aдаптивни фарови кои ја корегираат ширината и должината на светлосниот зрак во зависност од брзината на возилото и условите во сообраќајот).

„DS“ на почетокот на продажбата на купувачите ќе им биде понуден во ограничена серија под знакот „DS Crossback La Première“.

Возилата од оваа едиција ќе бидат достапни во две верзии, со „BlueHDi 180“ дизел мотор (180 ks) и со „THP 225“ бензинец (225 ks), додека моќта на тркалата ќе се пренесува по пат на споменатиот автоматик со 8 брзини.

new_ds7_crossback_07

„DS Crossback La Première“ ќе има и специјален пакет на опрема, а ќе може да се нарача во три ексклузивни нијанси на надворешноста, додека седиштата ќе бидат во „Nappa“ кожа со контрасна боја. Ограничената серија ќе биде достапна од 7-ми март (датумот на светската премиера) па до крајот на оваа година.

„DS 7 Crossback“ ќе се изработува во фабриките во Франција и Кина, а цената засега не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП