11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на VW Passat CC ќе дебитира во Женева (фото+видео)

Наследникот на VW Passat CC ќе дебитира во Женева (фото+видео)

arteon 00

Компанијата „Volkswagen“ го претстави официјално купе-седан „Arteon“, кој ќе го замени моделот „Passat CC“ во палетата на брендот. Автомобилот е изграден врз основа на осмата генерација на „Passat“, а ќе биде прикажан пред публика на автомобилскиот саем во Женева. Продажбата стартува во текот на летото.

arteon 01

Димензиите на возилото се должина 4862 мм (со 95 мм повеќе од седанот), ширина од 1871 мм (+39 мм) и висина од 1427 мм (+29 мм). Растојанието помеѓу двете оски е 2841 мм (+50 мм). Волуменот на багажникот е 563 литри, а при навалување на задните седишта се зголемува до 1557 мм.

arteon 02

Дизајнот на „Arteon“ речиси целосно се повторува со концептниот претходник „Sport Coupe GTE“ прикажан во 2015-та година, а серискиот модел се разликува по оптиката, лесните промени во аеродинамиката и рачките на вратите.

arteon 03

Ентериерот е идентичен со оној на осмата генерација на „VW Passat“, а единственото признание е екранот на мутлимедијалниот систем. Во основната опрема „Arteon“ располага со круз-контрол, електрично регулирање на предните седишта, кожен волан и аудио.

arteon 04

За доплата клиентот добива проекциски дисплеј и целосно дигитален Инструмент панел, 9,2-инчен дисплеј на мултимедијалниот комплекс и функција за управување со гестови.

arteon 05

„VW Arteon“ се потпира и на голем број современи системи за безбедност и помошници на возачот, меѓу кои адаптивен круз-контрол и системот „Emergency Assist“. Со него возилото автоматски запира во метеж, ако возачот изгуби контрола.

arteon 06

Во палетата мотори на моделот влегуваат 3 бензински и 3 дизел агрегати. Првите се претставени од 1,5-литарски мотор со 148 КС и 2.0-литарски „TSI“ со 188 и 276 КС.

Дизелите се 2,0-литарски, а развиваат 148, 188 и 236 КС. Погонот е на предните тркала, но се нуди и систем 4х4. Менувачите се 6-брзински мануелен или 7-степен „DSG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП