18 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot-Citroen постигна договор со GM за купување на Opel

Peugeot-Citroen постигна договор со GM за купување на Opel

opel psa353

Францускиот производител на автомобили „PSA Group“ го купува европскиот бизнис на американскиот концерн „General Motors Co.“ за 2,2 милијарди евра, соопштуваат двете компании во официјалното соопштение.

„Opel/Vauxhall“, подружницата на американскиот концерн, француската компанија за неа ќе вложи за 1,3 милијарди евра. Европската финансиска поделба на „GM“ ќе биде стекната за уште 900 милиони евра.

Со купувањето на „Opel/Vauxhall“ кои во 2016-та генерираа приходи од 17,7 милијарди долари во 2016-та година, PSA ќе стане втората по големина автомобилска компанија во Европа со пазарен удел од 17%.

„Ние сме горди да гу здружиме силите со „Opel/Vauxhall“ и сме длабоко посветени кон постојаното развивање на оваа голема компанија“, коментира Карлос Таварес, претседател на Управниот одбор на „PSA“.

„Ние го почитуваме фактот дека најталентираните луѓе во „Opel/Vauxhall“ имаат постигнато многу, како и најдобрите брендови на компанијата и силното наследство. Имаме намера да управуваме со „PSA“ и „Opel/Vauxhall“, со капитализирање на идентитетите на марките. Откако веќе сме создавале заедно профитабилни производи за европскиот пазар, ние знаеме дека „Opel/Vauxhall“ е најсоодветниот партнер. Ние гледаме на ова како на природен продолжеток на нашата врска и сме подготвени да ја однесеме до следното ниво“, додава тој.

„Ние сме многу задоволни што заедно – „GM“, нашите ценети колеги во „Opel/Vauxhall“ и „PSA“, создаваме една нова можност за подобрување на долгорочната ефикасност на нашите соодветни компании преку градење на успехот на нашиот сојуз“, вели Мари Бара, претседател и главен извршен директор на „GМ“.

Според нејзе, тоа претставува за „GM“ уште еден важен чекор во континуираната активност која вклучува подобрување на продуктивноста и забрзување на инерција. „Ние ја преоформиравме нашата компанија и нудиме последователни, рекордни резултати за нашите акционери преку дисциплинирана распределба на инвестициите со висок поврат во главниот патен бизнис и во нови технологии“, нагласува таа.

Договорот ќе овозможи значителни заштеди од обемот и синергијата од купување на делови, производство и истражување и развојна дејност. До 2026-та година се очекува годишната синергија да надмине 1,7 милијарди долари. Со партнерството „PSA“ очекува „Opel/Vauxhall“ да достигне периодична оперативна маргина од 2% до 2020-та година и 6% до 2026-та година, како и да генерира позитивен оперативен слободен готовински тек до 2020-та година.

„PSA“, заедно со „BNP Paribas“, исто така ќе се здобијат со сите европски финансиски операции на „GM“ преку новоформираното заедничко претпријатие кое ќе ја задржи сегашната европска платформа и тим на „GM Financial“. Во заедничкото вложување „PSA“ и „BNP Paribas“ имаат еднаков удел од 50%, но тоа ќе биде целосно консолидиран од „BNP Paribas“ и ќе се смета по методот на сметководство на „PSA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП