3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОсвежeниот Renault Captur (фото)

Освежeниот Renault Captur (фото)

2017-renault-captur-facelift

Најдобро продаваниот субкомпактен кросовер во Европа – „Renault Captur“, доби скромно дотерување, а новата верзија ќе дебитира следната недела на саемот во Женева.

Со 215.670 продадени примероци во 2016-та година „Captur“, кој е изграден врз платформата на друг успешен модел на „Renault“ – „Clio“, од компанијата се надеваат дека ќе продолжи да учествува сериозно во растот на овој пазар на стариот континент. „Captur“ добива промени и решенија за дизајнот, карактеристични за моделот „Сaptur“ кој се продава во Русија и е базиран на платформата на „Dacia Duster“, како и елементи од поголемиот „Kadjar“.

2017-renault-captur-facelift (1)

Прво, „Captur“ веќе поседува „LED“ светла „Pure Vision“, оформени во карактеристична „С“-форма за последните модели на „Renault“. Клиентите ќе можат да порачуваат две нови бои – портокаловата „Atacama Orange“ и сината „Ocean Blue“, како и нов сива за шините на покривот – „Pletinum Grey“. Тоа значи дека купувачите ќе можат да избираат од 30 комбинации за двобојната шема на боење на кросоверот.

За ентериерот „Renault“ нуди шест кориснички пакети: „Ivory“, „Caramel“, „Red“, „Ocean Blue“, „Satin Chrome“ и „Patina Chrome“. Исто дел од персонализацијата се и 16- и 17-инчни алуминиумски бандажи, кои се достапни со првите три нивоа на опрема.

2017-renault-captur-facelift (2)

Палетата мотори стартува со 0.9-литарскиот „Energy TCe 90 S & S“, а турбо моторот работи со рачен менувач. За најмоќниот „TCe 120 S & S“ може да се порачува и со „EDC“ менувач. Дизелите се исто така два – 1,5-литарски „dCi“ мотори со моќност од 90 и 110 коњски сили, како прво исто така може да се порачува со „EDC“ трансмисија.

Цените на освежениот „Captur“ ќе станат јасни подоцна, а автомобилот ќе е кај дилерите на „Renault“ од ова лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП