28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle го купи Wavii

Google го купи Wavii

wavii-google

„Google“ ја купи платформата за менаџирање на информации и вести „Wavii“ и го престигна „Apple“, кој исто така покажаа интерес за оваа „start-up“ компанија. Засега ниту една од двете компании не ја потврдија официјално цената на договорот, но според повеќето извори станува збор за 30 милиони долари.

„Wavii“ започна со работа минатата година, а овој сервис им овозможува на корисниците да одберат 12 теми кои највеќе ги интересираат и сервисот ќе ги снабдува со информации, твитови и блогови кои ги имаат одбрано. Инаку овој сервис е развиен од поранешни вработени на „Amazon“ и „Microsoft“, а нејзините услуги досега можеа да ги уживаат како корисниците на компјутери, така и преку апликација за паметните телефони.

По трансакцијата „Wavii“ го смени логото во боите на најголемиот пребарувач и моментално ја затвори страната за користење. Засега нема податоци на кој начин овој сервис ќе биде интегриран во производите на „Google“, но можности има многу од „Google News“, па во „G+“, дури и во очилата на „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП