26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмалата лимузина на BMW на која ќе ги израдува Кинезите (фото+видео)

Најмалата лимузина на BMW на која ќе ги израдува Кинезите (фото+видео)

mali sedan kec 00

Модификацијата со четири врати на „BMW Series 1“ излегува на кинескиот пазар со цени почнувајќи од 204.800 јуани или 28.100 евра. Главните конкуренти на моделот ќе се „Audi A3 Sedan“ и „Mercedes-Benz CLA“. За споредба, моделот на „Audi“ чини 26.200 евра, а најприфатливиот седан во палетата на „Mercedes“ чини 33.900 евра.

Седанот „Series 1“ ќе се произведува во кинеската фабрика на заедничката компанија на „BMW“ и „Brilliance“ и ќе биде базиран на платформата „UKL“. Кабината е долга 4456 мм, широка е 1803 мм и е висока 1446 мм. Меѓуоскиното растојание ќе се простира на 2670 мм.

mali sedan kec 06

Новиот модел ќе се нуди со два бензински мотори: трицилиндарски 1.5-литарски турбо со моќност од 136 КС и 2.0-литарски турбомотор со 4 цилиндри и две варијанти на моќност – 192 КС и 231 КС. Основниот мотор работи во комплет со 6-брзински автоматски менувач, додека дволитарскиот мотор е опремен со 8-степен автоматски менувач.

mali sedan kec 04

Во листата на опрема кинеските клиенти на „BMW Series 1“ може да добијат „LED“ фарови, „head-up“ централен дисплеј, мултимедијален систем со 8.8-инчен екран на допир, задна камера, асистент за паркирање, стаклен панорамски покрив, систем за контрола на лентата за движење, како и технологија за избегнување на фронтален удар.

mali sedan kec 05

Потсетуваме дека седанот „BMW Series 1“ дебитираше во есента минатата година на автомобилскиот саем во Гуангжу, Кина. Од германската компанија тогаш најавија дека седанот е наменет исклучиво за кинескиот пазар. Неодамна, сепак, прототип на „BMW Series 1“ со четири врати беше забележан во близина на седиштето на „BMW“ во Минхен, што значи дека не е исклучено да го видиме и на некој од европските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП