
Македонската филхармонија денес напладне во Домот на АРМ ќе одржи атрактивен симфониски концерт за деца.


Македонската филхармонија денес напладне во Домот на АРМ ќе одржи атрактивен симфониски концерт за деца.
Овој пат концертот е насловен „Сонот на вештерката“ и ќе донесе возбудливи мигови за најмладите. Диригент е маестро Борјан Цанев, а аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе дела од Григ, Дворжак, Сен-Санс, Штраус…
„Сонот на вештерката“ ќе донесе многу изненадувања и преку музика ќе ја раскаже приказната за една добра вештерка која што сонувала сите да ја сакаат.