4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPuma очекува 33% раст на профитот во 2017-та година

Puma очекува 33% раст на профитот во 2017-та година

pumas359

Компанијата за спортска стока „Puma“ прогнозира дека нејзината оперативна добивка за 2017-та година ќе се зголеми барем со истото темпо како минатата година. За 2016-та година трите големи спортски настани и најдобрата продажба на женска облека донеле раст на печалбата за една третина, соопшти „Puma“.

Добивката пред камати и даноци се очекува да се зголеми до 170-190 милиони евра, посочи „Puma“ во пораката. Компанијата забележа и продажба и профит за 2016-та година над очекувањата на аналитичарите и ја зголеми дивидендата со 50%.

Главниот извршен директор Бјорн Гулден е во четвртата година на стартување од неговиот процес на реструктуирање. Компанијата комбинира спортска облека со стил на улицата и соработува со познати имиња, како спринтерот Усаин Болт и пејачката Ријана.

Презентацијата на „Puma“ е контраст и тоа на конкурентот „Under Armour“ кој минатиот месец прогнозира раст на продажбата под очекувањата на пазарот. Ова доведе до најголемото поевтинување на акциите на компанијата од девет години и намалување на кредитниот рејтинг на „junk“ од „S & P Global Ratings“.

„Сметаме дека имаме некаква инерција и тоа конечно се гледа во извештајот“, рече Гулден на прес-конференција во седиштето на компанијата во Херцогенаурах, Германија. „Клиентите чекаат ред пред продавниците, за да ги купуваат нашите производи, имено таков бренд сакаме да имаме“, додаде тој.

Акциите на „Puma“ поскапеа за 1,2% до 278 евра за број во утринската сесија во Франкфурт. Цената на акцијата се зголеми за 65% во последните 12 месеци.

Годишната добивка на „Puma“ за 2016-та година се зголемила за 33% до 127,6 милиони евра, што е над оценката на аналитичарите вредна 124,9 милиони евра. За четвртиот квартал позитивниот финансиски резултат е зголемен за 30% до 14,1 милиони евра.

Продажбата на германската компанија исто така се зголемува и тоа за 10-ти квартал по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП