6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMaersk забележа големи загуби

Maersk забележа големи загуби

maersk1

Данскиот бродарски и нафтен гигант „Maersk“ во 2016 година забележа големи загуби поради отписот на средства во нафтениот бизнис.

Компанијата во соопштението најави и оставка долгогодишниот претседател на управата.

„Maersk“, најголемиот светски бродар, во четвртиот минатогодишен квартал отпиша 2,7 милијарди долари вредност од имотот во две филијали бидејќи, како што објави, очекуваат послаби резултати.

Стратегијата на групацијата долго беше, одржување на рамнотежа меѓу превозот, на кој му одговараат ниските цени на нафтата и производството на нафта, што е профитабилно кога цените на нафтата се високи. Меѓутоа, деловниот модел во последните неколку години е под притисокот бидејќи цените на нафтата, како и утоварот биле ниски.

„Минатата година беше тешка, со неповолни движења на сите наши пазари“, се наведува во соопштенијата на компанијата.

Нето загубата изнесува 1,94 милијарди долари, во споредба со добивката од 791 милион долари во 2015 година. Продажбата опаднала за 12 проценти, на 35,46 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП