13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Trezor е најубав концепт за 2016-та година (фото+видео)

Renault Trezor е најубав концепт за 2016-та година (фото+видео)

rtrezor 000

Најубавиот концептен модел за 2016-та година е „Renault Trezor“. Тоа го одлучи жирито на 32-иот Меѓународен автомобилски фестивал, кој се одржува во Париз. Конкуренти на францускиот модел беа „Jaguar I-Pace“, „Aston Martin RB001“ и „DS E-Tense“.

rtrezor 0003

Прототипот „Trezor“ дебитираше во есента минатата година на саемот во Париз. Една од неговите главни карактеристики е нестандардниот систем за влегување во кабината. За да се направи тоа треба да биде подигнат карбонскиот покрив, кој фактички претставува горниот дел на каросеријата.

rtrezor 0004

Погонот на машината е електричен мотор со 350 КС, со кој се опремени тркачките болиди на тимот „Renault e. Dams.“, кој учествува во првенството „Formula E“. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4 секунди.

rtrezor 0005

Во опремата на концептниот модел влегуваат систем за автономно управување, волан во стилот на тркачки автомобили, „OLED“-екрани, а исто така и системот за обновување на кинетичката енергија, која е исто така е превземена од болидите во „Формула Е“.

rtrezor 0006

Наградата за ентериер за 2016-та година беше доделена на друг француски автомобил – серискиот „Peugeot 3008“. Тој го користи новиот концепт „i-Cockpit“, на кој ќе се залагаат моделите на брендот. Кај него воланот е компактен и има нестандардна форма. Инструмент панелот се состои од 12-инчен екран во боја, под кој се наоѓаат копчињата за управување на дел од системите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП