10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat ја покажа петтата генерација на Ibiza (фото+видео)

Seat ја покажа петтата генерација на Ibiza (фото+видео)

new-seat-ibiza_000

Шпанската марка „Seat“ официјално ја претстави новата, петта генерација на субкомпактниот хечбек „Ibiza“. Автомобилот го добил дизајн во стилот на постариот модел „Leon“, како и на првиот кросовер на брендот „Ateca“, но ги задржа димензиите на својот претходник.

Должината на новата „Ibiza“ е дури со 2 мм помала од досега, но пак растојанието помеѓу двете оски се зголемило за 95 мм и веќе достигнува 2564 мм. Ова е постигнато со помош на новата платформа „MQB A0“, на која ќе биде изградена и следната генерација на „Volkswagen Polo“. Крајниот резултат се повеќе спортски пропорции, подобрена отпорност и управливост, како и повеќе внатрешен простор.

new-seat-ibiza_001

Седиштата во возилото се за 42 мм пошироки, зголемено е и местото над главите на патниците – напред со 24 мм, позади со 17 мм. Поголем е и багажникот, кој наместо претходните 292 литри веќе вклопува 355 литри.

new-seat-ibiza_005

Основната верзија на моделот добила 1,0-литарски турбомотор со 3 цилиндри кој развива 95 КС. Истиот агрегат доаѓа и со 115 КС, како и со 90 КС, при што освен на бензин може да работи и на природен гас.

new-seat-ibiza_003

Најмоќната бензинска верзија ќе биде опремена со 1.5-литарски „TSI“, а таа ќе се појави на пазарот на крајот на годината. Кај неа моќноста на агрегатот ќе биде 150 КС.

new-seat-ibiza_004

Палетата со дизел мотори се состои од 3 варијанти на 1.6-литарскиот „TDI“ со моќност од 80, 95 и 110 КС. Менувачот се 5-степен и 6-степен мануелен и 7-степена автоматска „DSG“ трансмисија.

new-seat-ibiza_002

Новиот „Seat Ibiza“ ќе се нуди само со 5 врати, а се предвидуваат 4 нивоа на опременост – „Reference“, „Style“, „FR“ и „XCelence“. Спортската варијанта „RF“ ќе се разликува по агресивниот дизајн и спортските поставки на суспензијата. Топ-верзијата „XCelence“ за возврат ќе биде со мека суспензија.

Во системите за безбедност на автомобилот се вклучени функција да се спречи челен удар, адаптивен круз-контрол и асистент за движење во метеж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП