7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi подготвува ривал на Mercedes CLA?

Audi подготвува ривал на Mercedes CLA?

tt koncept 334

Семејството „Audi A3“ би можело да биде проширено за уште еден модел – купе лимузина.

Во тој случај, следната генерација на компактните автомобили на „Audi“ покрај постоечките верзии со 3 и 5 врати, т.е. седанот и кабриолетот, ќе опфати и купе лимузина како одговор на „Mercedes CLA“, дознава „Auto Express“.

Иако „Audi A3 Sedan“ до некаде е конкурент на моделот „CLA“, станува збор за класичен седан, додека новиот модел би имал силуета на купе и спортски имиџ. Покрај тоа, новата купе лимузина со 4 прстени би се разликувала од остатокот од „А3“ семејството по различната маска на ладилникот и различниот дизајн на фаровите.

Доколку се запрашувате како би можела да изгледа новата верзија на „Audi A3“, одговорот би требало да се побара во концептот „Audi TT Sportback“ од 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП