
Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, во понеделник донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.


Државниот инспекторат за животна средина, согласно Законот за животна средина, во понеделник донесе Решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот Југохром за дополнителни 90 дена.
„Одлуката е донесена по извршениот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина при што се констатираше дека комбинатот Југохром не ги исполнил активностите предвидени во Оперативниот план, меѓу кои се предвидува и поставување на системот за отпрашување“, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Синдикатот на Југохром за вторник закажа блокада на автопатот Тетово-Скопје, заради незадоволство од одлуката на комбинатот да му се забрани да работи додека не инсталира филтри.