20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на UBS се намали за 46% во 2016-та година

Профитот на UBS се намали за 46% во 2016-та година

ubs bank03

Швајцарската банка „UBS“ соопшти дека профитот е намален за 46% во 2016-та година, поради трошоците за реструктуирање и поради тешките пазарни услови за нејзиното инвестициско банкарство.

Најголемата швајцарска банка прецизира дека нејзината чиста добивка за годината била 3,3 милијарди швајцарски франци (3,09 милијарди евра). Резултатите вклучуваат 693 милиони швајцарски франци, наменети за евентуални судски трошоци и 1,4 милијарди трошоци за реструктуирање.

„И покрај многу тешката пазарна средина во 2016-та година, ние постигнавме солидни резултати“, истакна главниот извршен директор Серџо Ермон.

Банката забележа дека успеала да ги намали трошоците за 1,6 милијарди швајцарски франци, речиси 50% повеќе отколку претходната година, и е на пат да ги постигне целните 2,1 милијарди франци до крајот на годината.

За последниот квартал чистата добивка е намалена за 22% до 738 милиони швајцарски франци.

Исклучително ниските и во некои случаи негативни каматни стапки влијаат сериозно на големите банки, како и регулаторните мерки поврзани со зајакнувањето на нивната способност да претрпат загуби. Швајцарските банки освен тоа се борат со последиците од затегнувањето на регулацијата и крајот на банкарската тајна во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП