10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Seat Ibiza ќе се појави наскоро

Новата Seat Ibiza ќе се појави наскоро

ibi003

Во изминативе 33 години, во кои се променија 4 генерации од моделот „Seat Ibiza“, на купувачите им беа испорачани 5,4 милиони автомобили. По долго време на актуелната четврта генерација, време е за нејзиниот наследник.

Петтата „Ibiza“ по ред ќе има деби пред женевската публика, во почетокот на март, но се очекува да ги објави првите фотографии и техничките детали за автомобилот.

Како еден од моделите на бренд кој припаѓа на „VW“ групацијата, новата „Ibiza“ ќе ја користи скратената верзија на „MQB“ модуларната механичка платформа, што ќе обезбеди возилото да биде полесно од претходникот. Тоа секако ќе се одрази и на подобрата економичност во возењето.

Во „Seat“ со гордост истакнуваат дека сите досегашни генерации на овој модел од „B“ сегментот се дизајнирани и развиени на шпанско тло, во Барселона, што наведува на заклучокот дека истиот случај ќе биде и со петтата верзија на „Ibizа“.

Моторизацијата ќе се состои од современ турбо мотор со 3 и 4 цилиндри со евентуален 1.0-литарски бензинец кој ќе се користи во основната верзија на автомобилот. Се очекува и новиот 1.5-литарски бензинец на „Volkswagen“, како замена за постоечкиот 1.4-литарскиот „TSI“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП