18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba ја купува американската компанија MoneyGram

Alibaba ја купува американската компанија MoneyGram

A Moneygram logo is seen outside a bank in Vienna

„Ant Financial“ – Одделот за дигитални плаќања на гигантот во електронската трговија „Alibaba“, ја купува американската компанија „MoneyGram“ за 880 милиони долари, соопштува „ВВС“.

„MoneyGram“ има околу 350.000 пунктови во близу 200 држави. „Ant Financial“ има над 630 милиони корисници. Купувањето од кинеската компанија треба да биде одобрено од американската Комисија за странски инвестииции, која ги оценува купувањата на американски средства врз основа на националната безбедност.

Ерик Џинг, генерален директор на „Ant Financial“, во коминике соопшти дека спојувањето на двете компании „ќе овозможи поголем пристап, безбедност и едноставност за испраќање на пари од луѓето во светот, особено од големите економии, како САД, Кина, Индија, Мексико и Филипини“.

„Ant Financial“ има голем удел на пазарот во индустријата со онлајн плаќања во Кина. Овој потег може да и помогне на компанијата да ја зголеми предноста и да се прошири во странство во позадина на зголемената конкуренција во Кина од системот за плаќања „WeChat“ на компанијата „Tencent“.

По објавувањето на веста цената на акциите на „Moneygram“ се зголемија за 9%. Купувањето беше одобрено од бордот на директори на американската компанија.

Договорот на „Ant Financial“ во САД доаѓа во позадина на зголемените тензии меѓу Кина и најголемата економија во светот. Пред да стапи на должност, американскиот претседател Доналд Трамп го стави под знак прашање продолжувањето на американската политика за „Една Кина“, со што предизвика гнев кај кинеските државни медиуми. За време на предизборната кампања тој се закани дека ќе стави кривични царина за кинеските увозни стоки.

Ако договорот со „MoneyGram“ се случи, тоа ќе биде второто купување од страна на „Alibaba“ во САД. Минатата година гигантот во електронската трговија ја купи „EyeVerify“ во договор за 70 милиони долари. Стартап компанијата со седиште во Мисури користи биометриска технологија за идентификација, за да обезбедува податоците и трансакциите на корисникот на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП