26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПремиера: Škoda Kodiaq Scout (фото)

Премиера: Škoda Kodiaq Scout (фото)

skoda-kodiaq-scout 00

„Škoda“ ја претстави поцврстата верзија на својот „SUV“ модел кој е наменет за купувачите кои овој автомобил ќе го користат надвор од асфалтираните патишта. „Kodiaq Scout“ стандардно е опремен со погон 4×4, а зголемено е и растојанието на возилото од тлото.

Првата разлика која може да се забележи од регуларниот „Kodiaq“ и „Scout“ верзијата се долните делови на браникот и праговите на вратата, кои имаат дополнителни елементи со цел овие делови да се заштитат при теренското возење.

skoda-kodiaq-scout 01

Покрај тоа, „Scout“ стандардно е опремен со 19 инчни автомобилски тркала, кои се специјално дизајнирани за оваа верзија на возила.

Овој „Kodiaq“ е заснован и на пакетот опрема „Ambition“, кој ќе биде збогатен со дополнителни системи за асистенција, како што се „Off-Road Assist“ и „Driving Mode Select“, со дури 6 предефинирани модови, за различни услови и начини на возење, како и подлогата на патот: „Eco“, „Comfort“, „Normal“, „Sport“, „Individual“ и „Snow“.

skoda-kodiaq-scout 06

Во зависност од селектираната опција, компјутерот автоматски ја подесува работата на моторот, нивото на серво асистенција, работата на автоматскиот менувач, па дури и параметрите на клима уредот.

„Kodiaq Scout“ стандардно се испорачува со амбиентално „LED“ осветлување во кабината (со 10 нијанси на боја на светла), додека седиштата се со „Alcantarа“.

Педалите за ножните команди се изработени од нерѓосувачки челик, а мултимедијалниот/аудио систем е опремен со 8 звучници.

skoda-kodiaq-scout 02

Во понудата се четири верзии на мотори. Основниот модел за погон ќе користи 1.4 TSI со 150 ks (110 kW), што е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h зa 9,8 секунди и да развие максимални 197 km/h.

Сегашниот 2.0 „TSI“ произведува 180 ks (132 kW), а до „стотка“ стигнува за 8 секунди, додека најголемата брзина на овој модел е 207 km/h.

Купувачите кои преферираат дизел возила, може да сметаат на две верзии… 2.0 „TDI“ агрегати со 150 ks (110 kW) и 190 ks (140 kW). Тоа на послабиот мотор му обезбедува на „Ѕcout“ да забрза од 0-100 km/h зa 9,5 секунди (максималната брзина е 197 km/h), додека најмоќната од мирување до 100 на час стигнува за 8,9 секунди (210 km/h).

skoda-kodiaq-scout 03

Секој „Kodiaq Scout“ стандардно поседува погон на сите четири тркала, додека растојанието од земја е зголемено и изнесува 194 mm.

Првото појавување пред публика овој модел ќе го има на саемот во Женева, на почетокот на март, по што ќе пристигне во продажните салони, а цената засега не е објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП