24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокнаа приходите на Alibaba, раст на продажбата во Кина

Скокнаа приходите на Alibaba, раст на продажбата во Кина

Alibaba-1

Приходите на кинескиот гигант за онлајн трговија „Alibaba“ во кварталот заклучно со декември минатата година се зголемени за 54 проценти на годишно ниво.

Приходите се зголемени благодарение на забрзаниот раст на онлајн продажбата во Кина.

Приходите на компнијата во тој квартал достигнаа 53,25 милијарди јуани (7,7 милијарди долари), а нето профитот 17,9 милијарди јуани (2,57 милијарди долари), што е за 43 проценти повеќе во однос на истиот квартал од 2015 година, се наведува во соопштението на компанијата, а пренесува агенцијата Франс прес.

„Резултатите покажаа силина на кинескиот потрошувач и можност „Alibaba“ да создаде вредност ширум нашиот голем екосистем“, изјави генералниот директор на „Alibaba Group“, Данијел Џанг.

„Alibaba“ е доминантен играч во онлајн трговијата, а се проценува дека платформата на „Alibaba“, „Taobao“ држи повеќе од 90 проценти од онлајн пазарите за директни купопродажни трансакции меѓу клиентите. Втората платформа на „Alibaba“, „Tmall“, држи повеќе од 50 проценти од пазарите за трансакции меѓу компаниите и клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП