17 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа Porsche Panamera караван?

Како ќе изгледа Porsche Panamera караван?

19446845258872c0776e23752450479_v4_big

Еден од бројните новитети во автомобилската индустрија кој своето деби ќе го има на авто-саемот во Женева е долго најавуваната „Panamera Sport Turismo“.

Уште од 2012 година, кога на саемот во Париз беше прикажан концептот „Panamera Sport Turismo“, љубителите на автомобили очекуваат да ја видат сериската верзија на овој автомобил. Пет години подоцна, „Porsche“ конечно ќе ја претстави таканаречената „shooting brake“ варијантата, која е основана на втората генерација на стандардната „Panamera“.

Германскиот производител очекува дека оваа, практична верзија на луксузниот четворосед, ќе биде посебно популарна во Европа, каде ќе започне да се продава во текот на 2017 година.

168801899758872c0795451457689958_v4_big

И додека моторизацијата воглавно е преземена од класичната „Panamera“, моделот „Sport Turismo“ стилски се потпира на концептот од 2012 година.

Веројатно, најприближна слика за тоа како ќе изгледа новиот модел пружи „RM Car Design“ кој ги објави неофицијалните рендери на овој автомобил, основани како на променетиот концепт, така и на втората генерација на „Panamera“, која својата премиера ја имаше на средината на 2016 година.

10095785358872c07aa74c122969324_v4_big

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП