2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии: Ford Mustang кабриолет за 2018 година

Први фотографии: Ford Mustang кабриолет за 2018 година

11434736035885fc2debad0477010924_v4_big

После рестилизираните купе варијанти, „Ford“ и го прикажа на јавноста редизајнираниот „Mustang“ со отворен покрив.

Американскиот производител ги објави првите фотографии од „Mustang“ кабриолет за 2018 година. Моделот со отворен покрив претрпел исти козметички промени како и купе верзијата.

Редизајнираниот автомобил има преобликувани фарови, нов преден браник и рестилизирана маска на ладилникот, која е сега нешто поширока. Позади, рестилизацијата е подискретна и ги вклучува стоп светлата и дифузорот на долниот дел од браникот, додека „GT“ верзијата добила нов, поголем спојлер.

7810830195885fc2e2931e773316987_v4_big

Како и кај купето, промените ја опфатиле и моторизацијата, па така „Ford“ од понудата ја исфрли верзијата со 3.7 литраски„ V6“ агрегат. Задржана е варијантата „2.3 EcoBoots“, како и „5.0 V8“, кој сега може дополнително да се нарача во комбинација со нов десетобрзински автоматски менувач. Што се однесува до мануелниот менувач, исто така е унапреден.

11434736035885fc2debad0477010924_v4_big

„Ford“ воедно додаде дополнителна сила во „V8“ агрегатот, но не откри со колку коњски сили овој мотор ќе располага во иднина.

Кога станува збор за „EcoBoots“ единицата, таа ќе развива нешто поголем вртежен момент отколку досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП