5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер договори петмина за следната сезона

Интер договори петмина за следната сезона

trening_inter

„Нероазурите“ веќе договорија пет засилувања за наредната сезона, меѓу кои се издвојува името на Мауро Икарди од Сампдорија.

Директорот на миланскиот клуб, Марко Фасоне потврди дека Интер веќе направил некои конкретни потези кога се засилувањата во прашање за наредната сезона.

Според него договорени ни се вкупно пет трансфери кои се извршени во склад со финансиската ситуација во клубот.

„Нашиот финансиски баланс не си дозволува трошење на пари во овој момент. Сепак успеавме да обезбедиме потписи на пет многу интересни фудбалери за наредната сезона“, изјави Фасоне.

Петмината играчи кои од јуни ќе го носат дресот на „нероазурите“ се Лаксалт, Кампањаро, Андреоли, Бота и Икарди.

Лакслат е Уругваец кој моментално настапува за Дефенсор, Бота кој доаѓа од Аргентина импресионираше со своите игри во Бока и Тигре.

Кампањаро и Андреоли се дефанзивци кои на Интер ќе му се приклучат како слободни играчи со оглед дека им истекуваат договорите со Наполи и Киево.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП