14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИScania најавува инвестиции за зголемување на капацитетот

Scania најавува инвестиции за зголемување на капацитетот

DSC_0285

Компанијата „Scania“ најави дека ќе инвестира во зголемување на производниот капацитет кој се должи на порачките за замена на возилата во рамките на возните паркови на нивните корисиници. Тоа доведе до раст од 31 процент во текот на првиот квартал од оваа година кога беа продадени 20.787 автобуси и камиони.

Во споредба со истиот период од претходната година тие испорачаа 15.809 единици. Извршниот директор Мартин Лундштед смета дека долгорочно компанијата има добра можност за раст во продажбата. „Scania“ ќе продолжи да дава приоритет во вложувањето во основните развојни проекти и ќе ги прошири своите техничко-производни капацитети.

„Scania“ ќе се обиде да промовира нови модели со ефикасна потрошувачка на горива се со цел да ја зголеми продажбата и да ги подобри резултатите од загубите во Европа каде побарувачката за комерцијални возила опадна четиринаесет месеци по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП