9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWhirlpool го зголеми профитот за 2,7 пати

Whirlpool го зголеми профитот за 2,7 пати

whirlpool1

Најголемиот американски производител на бела техника „Whirlpool“ во првиот квартал од оваа година оствари 2,7 пати поголема добивка од истиот период во минатата година.

Така, профитот се зголеми на 252 милиони долари или 3,12 долари за акција.

Од јануари до крајот на март минатата година, нето добивката изнесуваше 92 милиони долари или 1,17 долари за акција.

Приходите во првите три месеци од оваа година се намалени за 2,3 проценти, на 4,25 милијарди долари, во однос на 4,35 милијарди долари од минатата година.

Аналитичарите во анкетата за агенцијата Ројтерс го прогнозираат корегираниот профит на средно ниво од 1,93 долари за акција, со приход од 4,3 милијарди долари.

Рентабилноста на „Whirlpool“ е зголемена на 17,1 проценти, со 14,9 проценти во првиот квартал од 2012 година, со намалување на трошоците за 4,8 проценти, се наведува во извештајот.

Компанијата бележи пораст во побарувачката на фрижидери, машини за перење садови и кујнски апарати, како резултат на јакнењето на пазарот на недвижности и порастот на изградба на куќи.

Приходите на „Whirlpool“ во Северна Америка, које е неговиот најголем пазар, остана непроменета во однос на минатата година, 2,23 милијарди долари. Истовремено во Европа, Блискиот Исток и Африка продажбата е намалена за 2,8 проценти, а во Азија за 7,7 проценти.

Компанијата ја потврди прогнозата, според која нето профитот во оваа година ќе биде во опсег од 9,8 до 10,3 долари за акција, а профитот од 9,25 до 9,75 долари за акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП