26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar го претстави новиот F-Type (фото+видео)

Jaguar го претстави новиот F-Type (фото+видео)

dot-jaguar-00

Jaguar го претстави „дотерувањето“ на својот спортски модел „F-Type“, кој има добиено серија од козметички промени, нови варијанти и нови технологии. Продажбата ќе започне во првата четвртина на годината.

Ова е прво дотерување, кое моделот го претрпува од излегувањето на пазарот во 2012-та година. Новата визија се одликува со расчистени браници, нови предни светла со „LED“ технологија, нови лесни спортски седишта, како и многу хромирани, карбонски и алуминиумски детали. Покрај сето тоа, моделот може да се нарача и со висококвалитетен кожен тапацир „Siena Tan“.

dot-jaguar-02

Нов е и мултимедијалниот систем кој има 8-инчен дисплеј кој препознава гестови и работи на идентичен начин со оние на модерните смартфони. Навигацијата нуди информации за сообраќајот и климатските услови во реално време, а паркинг асистентот ги детектира празните паркинзи и може да го паркира автомобилот автоматски во нив со притискање на едно копче.

Клиентите ќе можат да избираат и меѓу две нови верзии. Првата од нив е „F-Type R-Dynamic“, која ќе ја замени досегашната „F-Type S“ верзија на моделот. „R-Dynamic“ ќе се нуди во две верзии – со 340 и 380 КС, а и во две варијанти за погон се користат задните или сите четири тркала.

dot-jaguar-01

Поинтересна ќе биде варијантата „F-Type 400 Sport“, која ќе биде опремена со ажурирана верзија на компресорот на 3.0-литарскиот V6 мотор со 400 КС и 8-степениот „Quickshift“ менувач. Оваа верзија исто така ќе се нуди задно или со погон на четири тркала.

Сето ова ќе биде комбинирано со подобрена суспензија, поголеми сопирачки, како и системот за избор на различни режими на работа на гаста, преносот, амортизацијата и управувачкиот систем.

„Jaguar F-Type 400 Sport“ ќе се нуди и со „Sport Design Pack“ пакетот, дел од кој се повеќе експресивен предниот сплитер, новите прагови и поголемопт заден дифузер. Моделот ќе може да се нарача само со три екстериерни бои – сребрена, црна или бела боја, а внатрешноста ќе се одликува со спротивставени на кожниот тапацир жолти рабови. Се разбира, ќе има серија од забележителни ознаки, кои ќе ни сигнализираат дека стоиме до необичен „F-Type“.

dot-jaguar-03

Се разбира, од „Jaguar“ ќе продолжат да ги нудат врвните верзии „F-Type R“ и „F-Type SVR“, кои се опремени со 5.0-литарски V8 мотор, кој располага со 550 и 575 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП