Изданието „iSeeCars“ ја објави својата рејтинг листа на најсигурните автомибили, кои биле користени од страна на нивните сопственици повеќе од 10 години.
За изготвување на ова рангирање е направена анализа на 2,5 милиони автомобили, теренци, миниванови и хибриди. Сите тие се произведени во периодот 1981-2006-та година.
Во првите десет влегуваат само јапонски автомобили – 5 модели на „Toyota“, 3 на „Honda“ и по 1 на „Lexus“ и „Subaru“. Интересно е дека бројот на луѓето кои ги користат во текот на 10 и повеќе години, се движи меѓу 4 и 32,1%.
На врвот на листата е „Toyota Highlander Hybrid“, кој се уште се користи од 32,1% од сопствениците По него доаѓа „Toyota Prius“ со 32%, а на третата позиција е нехибридната варијанта на „Toyota Highlander“ (29%). Четвртото место е за „Toyota Siena“ со 28,7%, а на петто е „Hоnda Pilot“ (27,2%).
Во првата десетка место нашле уште „Honda CR-V“ (25,2%), „Toyota RAV4“ (24,9%), „Subaru Forester“ (24,2%), „Lexus RX Hybrid“ (24,1%) и „Honda HR-V“ (24%).