8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблемите со Note 7 немаа ефект на резултатите на Samsung

Проблемите со Note 7 немаа ефект на резултатите на Samsung

AUSTRALIA-JAPAN-US-SKOREA-IT-SAMSUNG-APPLE-PATENT-COURT

Samsung Electronics во последниот квартал од оваа година, и покрај проблемите со Note 7, ќе оствари профит кој ќе биде поголем од планираното.

IBK Securities предвидува дека оперативната добивка на Samsung во овој квартал ќе изнесува високи 7,24 милијарди долари, што е за 10 отсто повеќе од предвиденото и дури 67 отсто повеќе во однос на приходниот квартал, кога изнесуваше 4,3 милијарди долари.

Заслуга за ваквиот успешен квартал се однесува на производството на полупроводници, која во приходите учествува со околу 50 отсто.

Акциите на Samsung исто така се опоравија и сега нивната цена се движи околу 1500 долари, што е за 23 отсто, повеќе во однос на 1200 долари, колку што изнесуваше во септември, кога излезе скандалот со Note 7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП