28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Volkswagen се намали за 38 %

Добивката на Volkswagen се намали за 38 %

vw2

Најголемиот европски производител на автомобили „Volkswagen“ објави остар пад на нето добивката во првите три месеци од оваа година поради тешкото пазарно опкружување.

Нето добивката е намалена во периодот од јануари до март за 38,2 проценти, на 1,946 милијарди евра, објавија од „Volkswagen“.

Оперативната добивка е намалена за 26 проценти, на 2,344 милијарди евра, врз основа на 1,6 процентниот пад на приходите, на 46,565 милијарди евра.

За цела година „Volkswagen“ очекува „подобра изведба од пазарите во целина, во предизвикувачкото опкружување, со раст на испораките кон клиентите во однос на претходната година“.

Тие предупредуваат дека сепак не се потполно имуни на интензивната конкуренција.

За приходите очекуваа дека во оваа година ќе ја надминат минатогодишната бројка. Со оглед на континуираната несигурност во економското опкружување, нашата цел е оперативната цел во 2013 година да биде на нивото од минатата година.

Во 2012 година „Volkswagen“ оствари нето добивка од 21,7 милијарди евра, оперативна добивка од 11,51 милијарди евра врз основа на приходите од 192,7 милијарди евра. На клентите им беа испорачани вкупно 9,276 милиони возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП