27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel нема да брза со претставување на GT

Opel нема да брза со претставување на GT

gtopelka

При претставувањето на концептниот „Opel GT“ на автосаемот во Женева во пролетта, раководството на германскиот производител вети дека овој автомобил ќе се претвори во сериски модел. Тоа сепак нема да се случи во следните 2 години, соопштува „Autocar“.

Британското издание го цитира шефот на „Opel“ – Карл-Томас Нојман, според кого дизајнот на каросеријата со заден пренос ќе биде актуелен барем уште две години. Затоа и во компанијата не брзаат со развојот на сериската верзија на моделот.

„Во овој автомобил не се заљубивме само ние, туку и публиката која успеа да го види. Надвор од сомневање е дека сакаме да го направиме, но во моментот се уште имаме еден главен проблем – треба да се избере патот по кој ќе заминеме за неговото создавање“, коментира Нојман.

Најголемиот проблем во случајот е дека „Opel“ не располага со соодветна платформа за спортскиот автомобил и сега шефовите на компанијата бараат неколку варијанти за неговата одлука. Германците треба да избираат меѓу создавање со сопствени сили на нова шасија врз основа на готови разработки на концернот-мајка „General Motors“ или да бараат партнер за правење на возилото.

Според гласините, шефовите на „Opel“ имаат тенденција да ја изберат втората можност, така што веќе дури се водени преговори со кинескиот концерн „SAIC“. Засега како Германците, така и Кинезите одбиваат секаков коментар.

Прототипот „Opel GT“ се смета за средномоторен модел, иако моторот е сместен во предниот дел. Кабината е опремен со 3-цилиндричен бензински турбомотор со зафатнина 1,0 литар, развива 145 КС. Името на возилото не е избрано случајно, тоа треба да потсетува на истоимениот модел произведен во периодот 1968-1973 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП