8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајнираниот Nissan X-Trail е блиску до своето деби (фото)

Редизајнираниот Nissan X-Trail е блиску до своето деби (фото)

oxtrail-00

Кросоверите „Nissan Rogue“ и „X-Trail“ се близнаци, првиот се нуди исклучиво во Северна Америка, а вториот – во целиот преостанат свет. Уште во септември Јапонците го покажаа обновениот „Roque“, но „X-Trail“ досега остануваше мистерија.

Изданието „Carnewschina“ објавуви фотографии од тест-прототип, од кои станува јасно дека кросоверот речиси нема да се разликува од американскиот „брат“. Модернизацијата и кај него влијаела на предниот дел, каде што се гледа поголем отвор за воздух. Променети се и браникот, а во задните светла се појавија диоди.

oxtrail-01Во освежената кабина е поставен волан со три краци во стилот на суперавтомобилот „Nissan GT-R“, а исто така е преработен и предниот панел. Тука има одредени разлики со „Rogue“, а едно од нив е формата во изборот на менувачот.

Што се однесува до моторите, при „X-Trail“ тие нема да претрпат промени во спецификациите. Кросоверот ќе продолжи да доаѓа со бензински турбо 1,6 „DIG-T“ со 163 КС и со 2 турбодизел агрегати од 1.6-литарски (130 КС) и 2.0-литарски (177 КС). За одредени пазари се достапни и два атмосферски бензински мотори – 2.0-литарски со 144 КС и 2.5-литарски (171 КС).

oxtrail-02

За Европа ќе се нуди и хибридната верзија, која се појави токму кај моделот кој се продава во Јапонија и САД, „Nissan Roque“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП