
Денес на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со почеток во 12 часот, ќе се одржи централната свеченост на Друштвото на писателите на Македонија под наслов „Средба на генерации“ по повод одбележувањето на 95-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, големиот македонски поет, писател, преведувач, научник и лингвист.

