3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПотврдено: Lexus LS ќе дебитира во Детроит

Потврдено: Lexus LS ќе дебитира во Детроит

potvrda-ls233

„Lexus“ официјално потврди дека петтата генерација на лимузината „LS“ ќе дебитира на автомобилскиот саем во Детроит во јануари.

Премиерата доаѓа точно 28 години по првата појава на првиот „LS“ во Детроит, со што го постави почетокот на крајот на доминацијата на германските марки на луксузниот пазар. „Toyota“ ја лансираше луксузната марка „Lexus“ во 1989-та година, која ја исполни својата цел да обезбеди луксуз и квалитет во изработката на кабините на своите модели, но често тоа се случуваше за сметка на спортските квалитети и динамиката.

Се уште се знае премногу малку за новата генерација „LS“. Од „Lexus“ насочија кон „храбар дизајн, форма на купе, но без тоа да наметне компромис со внатрешниот простор“.

Сепак од компанијата потврдија дека новата лимузина ќе биде изградена врз продолжена верзија на новата глобална платформа на марката за модели со заден пренос (GA-L), но тоа беше очекувано. На оваа платформа е изградена и новата генерација на луксузното купе „LC“, за што првите информации се дека нема недостатоци во однос на динамичките квалитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП