28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz SL станува клон на AMG GT

Mercedes-Benz SL станува клон на AMG GT

merc-prr

Следната генерација на „Mercedes-Benz SL“ ќе биде изграден врз основа на моделот „AMG GT“ и ќе се појави на пазарот во 2019-та година пишува весникот „Autocar“, повикувајќи се на свои извори во компанијата од Штутгарт.

За развојот на моделот се ангажирани експертите од делот „Mercedes-AMG“. Тие предвидуваат возилото да е со заден пренос, менувачот ќе е на задната оска, а моторот ќе биде надолжно напред. Ова ќе овозможи да се постигне оптимална распределба на тежината. За „SL“ ќе бидат користени целата суспензија на „Mercedes-AMG GT“ и шасија од карбон. Како опција ќе се нуди суспензија „Air Body Control“.

Каросеријата ќе биде целосно од карбон, најверојатно за прв пат од 1981-ма година моделот ќе има и верзија купе.

Автомобилот ќе добие 3,0-литарски мотор со 6 цилиндри, опремен со електрична турбина. Овој мотор ќе дебитира кај новиот „Mercedes-Benz E-Class Coupe“, а ќе се нуди во две варијанти на моќност со 407 и 450 КС. Опцијата „SL500“ ќе добие модернизирани 4,0-литарски твин-турбо V8 со 480 КС, кој ќе го замени претходниот 4,6-литарски атмосферски V8.

Сепак, тоа нема да биде најмоќната модификација на моделот. Тоа ќе е верзијата „SL 63 AMG“ со 4,0-литарски твин-турбо мотор на седанот „AMG E63“. Овој мотор доаѓа со 571 и 612 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП