3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBrexit не го уплаши Lidl, отвора нови 5 илјади работни места во...

Brexit не го уплаши Lidl, отвора нови 5 илјади работни места во Лондон

929555194585415c1be333298469928_w640

Германскиот трговски ланец „Lidl“ најави дека ќе отвори 5.000 нови работни места во Лондон, во склоп на големата инвестициска програма во Велика Британија.

Од „Lidl“, кој во моментов има повеќе од 630 продавници во Англија, Шкотска и Ирска, порачуваат дека панираат повеќе од двојно да го зголемат бројот на продажни објекти во таа земја, на 1.500, во склоп на тригодишниот инвестициски план вреден 1,8 милиони евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Само во Лондон, како што велат, имаат намера да отворат 250 продавници.

Германската компанија, исто така, соопшти дека добила дозвола од локалните власти за изградба на новото седиште во Општината Кингстон во југозападен Лондон, во вредност од 70 милиони фунти.

„Lidl“ кој во моментов вработува 19.000 лица во Британија, најави и отворање на три нoви складишта, што ќе овозможи вработување на уште 1.500 лица.

Во периодот од средината на септември до почетокот на декември, „Lidl“ го зголеми уделот на британскиот пазар на 4,6 проценти, додека на „Aldi“ му припаднаа 6,2 проценти.

Веста за ширењето на бизнисот на „Lidl“, како што оценува АФП, е добра за официјален Лондон, во момент кога постои загриженост во поглед на приливот на инвестиции по јунската одлука на Велика Британија да излезе од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП