
Изложбата „Les yeux de la mama“ ќе биде отворена во среда вечер во концептуалната продавница „Wonderlust“, на улица Македонија во Скопје.


Изложбата „Les yeux de la mama“ ќе биде отворена во среда вечер во концептуалната продавница „Wonderlust“, на улица Македонија во Скопје.
На изложбата ќе бидат претставени нови и симболички дела на Крсте Анастас Глигорјадис и Христина Тарабунова, каде што извор на инспирација се очите.
Појдовна точка е погледот на секоја мајка како портал на чистотата, немирот и безусловната љубов. Делата се надреално претставени и носат длабока мистичност и носталгичност. Авторите ja потикнуваат длабоко поетската уметност претставувајќи ја на меланхоничен и едноставен начин.
Настанот музички ќе биде поддржан од Dj George Lee.