3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан ги намали долговите

Милан ги намали долговите

2015968_full-lnd

Екипата на Милан календарската 2012-та година ја заврши со минус од околу 7 милиони евра.

Тоа е одлична вест за касата на клубот која во претходните две сезони губеше во просек околу 70 милиони евра. Јасно е дека продажбата на Тиаго Силва и Златан Ибрахимовиќ ја наполнија клупската каса, но не го избриша минусот, поради тоа што договорот со ПСЖ е да плаќаат на рати. А тие на ист начин го купија и Марио Балотели.

Ова практично значи дека од овие продажби Милан ќе има приходи и на крајот од оваа сезона, а тие многу заштедија и од платите на споменатите играчи.

Во текот на летниот преоден рок може да се очекува дека клубот ќе се ослободи од Робињо и ќе заштеди шест милиони по сезона колку му плаќаат на Бразилецот, но исто така може да ја наполнат касата со продажбата на Кевин Принц Боатенг. Целта на Барбара Берлускони, која во име на семејството се занимава со финансиите, е во следните неколку години клубот да работи во позитива се со цел да се вклопат во правилата на УЕФА.

Ќерката на Берлускони во претходните две години успеа клупските трошоци практично да ги преполови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП